140
Лука Модриќ ја
доби наградата за најдобар фудбалер на изминатата сезона, а зад себе ги остави
Кристијано Роналдо и Мохамед Салах.
Во еден
турбулентен период за него, поради тоа што се случуваше на релација со Интер,
Лука Модриќ откако ја доби престижната награда упати и интересна порака
поврзана со клубот каде на крајот ова лето остана.
„Играм за
најдобриот клуб на светот, сакам да сум во тој клуб, не сум среќен, туку сум
пресреќен што сум овде, само сакам да продолжам со работа, да правам добри
работи на теренот како претходните шест години“ рече Хрватот.