614
Капитенот на репрезентацијата на Хрватска, Лука Модриќ ja загрижи хрватската јавност откако не се појави на редовната прес-конференција пред натпреварот со Франција.
Планот беше Модриќ да се појави на прес-конференцијата и да ги изнесе своите очекувања, но во последен момент дојде до промена.
Место Модриќ на прес-конференцијата се појави голманот Доминик Ливаковиќ. Од Фудбалската федерација на Хрватска подоцна информираа дека Модриќ го загубил гласот и поради тоа не се појавил.
Засега не е познато дали станувало збор за настинка или нешто друго.