258
Капитенот на Реал Мадрид, Лука Модриќ е во комбинација за настап на утрешното финале од Суперкупот на Шпанија против Барселона.
Хрватскиот фудбалер поради болест го пропушти полуфиналето против Мајорка кое Реал Мадрид го доби со убедливи 3-0. Сега е здрав и ќе може да игра утре.
„Беше тоа само настинка и веќе заздравив. Вчера вежбав под посебен режим, а денеска ќе тренирам со соиграчите и ќе бидам на списокот на фудбалери за натпреварот“, изјавил хрватскиот репрезентативец.
Финалниот натпревар од шпанскиот Суперкуп се игра утре од 20 часот во градот Џеда во Саудиска Арабија.