„Модриќ е најдобриот фудбалер со кој сум играл“

by riste
1 минути читање

Иако веќе наполни 40 години, Лука Модриќ се уште игра на врвно ниво, а пофалби стигаат од сите страни.

Неговиот соиграч, Самуеле Ричи вели дека Модриќ е најдобриот фудбалер со кој играл.

„Модриќ е најдобриот фудбалер со кој сум играл. Покрај квалитетите, импресиониран сум и од неговата скромност, почитта што ја покажува кон сите свои соиграчи и колку е достапен за сите нас. Има 40 години и не мислам дека треба да ги земаме таквите работи здраво за готово, тоа се квалитети што треба да ги научиме од него“, вели Ричи и додава:

„Што го прави посебен? Многу работи. Неговата техника се издвојува, но неговата интелигенција е импресивна, дури и кога не е во него топката. Како што реков претходно, не би требало да биде нормално за 40-годишник да трча како сите други, ако не и побрзо“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×