Хрватска приреди
изненадување на мундијалот во Катар и го елиминираше фаворизираниот Бразил во
четвртфиналето.
„Коцкестите“ и
покрај тоа што примија гол на крајот од првото продолжение, успеаја да се вратат
во игра во вторите додатни 15 минути и потоа на пенали славеа голем успех.
Родриго беше еден
од трагичарите на Бразил, младиот фудбалер превзеде одговорност прв да шутира и
промаши.
Тагата кај него
беше огромна, а еден од оние кои се обеди да го утеше беше Лука Модриќ, кој на
момент заборави на славјето и му пријде на својот соиграч од Реал Мадрид.
Хрватот потоа на
средбата со новинарите упати порака до Родриго и рече: „Секој може да промаши
пенал. Треба да му честитаме за храброста да го шутира првиот пенал. Паметам кога
јас промашив против Турција во 2008. Воопшто не е лесно, боли, но тоа ќе го
направи посилен“.
Со својот потег,
Лука Модриќ ги освои симпатиите на фудбалскиот свет, и од сите страни
пристигнуваат честитки за класата која ја покажал.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.