Договорот на Лука Модриќ со Реал Мадрид на крајот од сезоната истекува, а хрватскиот ветеран и сезонава прикажува настапи на високо ново.
Модриќ на 44 натпревари за „кралевите“ постигна чеири гола и подели седум асистенции и тоа е одличен учинок за некој кој во септември ќе наполни 40 години.
Но, се уште не е потврдено дали Реал Мадрид ќе му понуди нов договор. Шпанскиот медиум „Дефенса Централ“ кој ги следи случувањата во Мадрид пишува дека Виљареал е подготвен да го доведе Хрватот.
Виљареал е подготвен да му понуди на Модриќ солидна минутажа со цел да остане во форма за Светското првенство во 2026 година.
Сепак, самиот Модриќ неодамна изјави дека негова желба е да остане во Реал Мадрид, иако „кралевите“ се уште не му понудиле продолжување на соработката.