Модриќ би останал во Реал, одлуката останува на клубот

by 24 фудбал
1 минути читање

Лука Модриќ сака да остане барем уште една сезона и пак да го продолжи договорот со Реал Мадрид.

Хрватот има 39 години, а сака и во петтата деценија да игра за „кралскиот“ клуб од Мадрид. Модриќ прифати да биде резервист и да игра колку што му е потребно подреден на тимот, а и во Реал се задоволни од таквиот договор.

Одлуката треба да ја донесе клубот и тоа е најавено дека ќе се случи во мај. Модриќ е отворен за нов договор, а веројатно иднината ќе му зависи од перформансите и физичката подготвеност до крајот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани