Модриќ: Аргентина заслужено победи, но судијата беше ужасен, тоа не беше пенал

by
1 минути читање

Хрватска беше одлична во првиот половина час, потоа кога беше досуден пенал за Аргентина, работите се променија.

Модриќ им ја честиташе победата на Аргентинците, му посака среќа на Меси во финалето, но и ги искритикува судиите.

„Аргентина заслужено победи вечерва, тие беа подобри на теренот и заслужија да слават. Имаше некои работи за кои не сакам да коментирам, но вечерва не можам да премолчам. Не сакам да зборувам за судиите, но овој беше ужасен. Нема да го паметам по добро, ова беше катастрофа. Според мене, Аргентина не требаше да добие пенал“, кажа ѕвездата на Реал Мадрид.

„Му посакувам среќа во финалето на Меси, тој е еден од најголемите“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани