Денеска од 21 часот Реал Мадрид и Аталанта во Варшава го играат УЕФА Суперкуп дуелот, ќе се борат за првиот трофеј оваа сезона.
Лука Модриќ остана во Реал Мадрид, а Начо замина. Тие двајца беа најтрофејните фудбалери на кралскиот клуб со по 26 трофеи.
Доколку вечерва Реал Мадрид победи, хрватскиот фудбалер ќе биде запишан во историјата како најтрофејниот играч на гигантот.
Тоа не е единствениот рекорд кој може да го урне. Во моментов тој со Арие Хан, Паоло Малдини, Дани Алвеш, Карим Бензема, Тони Крос и Дани Карвахал го дели првото место на табелата за најтрофејни фудбалери во европскиот Суперкуп. Сите имаат по четири трофеи.
Ако Реал Мадрид денеска победи, Модриќ и Карвахал ќе се одвојат од листата со по пет пехари.