95
Лука Модриќ стигна до второто место по бројот на настапи за својата репрезентација поминувајќи го Серхио Рамос.
Вчерашниот натпревар против Шкотска, за Модриќ беше 181. за хрватската репрезентација.
Тој го прескокна Серхио Рамос со кој го делеше второто место со по 180 натпревари.
Далеку на врвот е Кристијано Роналдо со 214 настапи за репрезентацијата на Португалија, а оваа бројка се зголемува затоа што тој уште настапува за националниот тим.