Модриќ е господин: На Перез му дал предлог што не се одбива, па ќе остане во Реал

by bojan
1 минути читање
Модриќ

Последните информации од Шпанија пренесуваат дека Лука Модриќ и Реал Мадрид ќе ја продолжат соработката, Хрватот веднаш го убедел Флорентино Перез со својот предлог.

Изминатиов период често имаше гласини за иднината на Лука Модриќ и се најавуваше дека оваа сезона е последна во белиот дрес за фудбалерот од средниот ред.

Сепак, последните информации велат дека Хрватот и Реал Мадрид ќе ја продолжат соработката.

Лука Модриќ имал состанок со Флорентино Перез, му кажал дека не е привлечен од милионите кои ги нуди Саудиска Арабија и сака да се пензионира во Реал Мадрид.

Нема да му пречи тоа што ќе биде во втор план и ќе има ограничена минутажа, дури се сложил и на значително помала плата, односно да заработува двојно помалку (од сегашните 10 милиони евра по сезона, платата во иднина да му биде 5 милиони евра).

Па Флорентино Перез не можел да го одбие Лука Модриќ и паднал дил за нов едногодишен договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани