Во Премиер лигата викендов се одиграа две дерби пресметки. Едната беше онаа на „Емирати“ каде што Арсенал и Манчестер Сити го поделија пленот (1-1).
За време на овој натпревар се случи една сцена поради која светот му се потсмева на Бернардо Силва. Во вториот дел тој имаше расправија со Леандро Тросар, фрли со топка кон него, а Белгиецот му врати. Иако топката го удри Силва некаде во пределот на стомакот, тој веднаш падна и се фати за лицето.
Bernardo Silva was holding his face 😭pic.twitter.com/E9NiNhMPtX
— Troll Football (@TrollFootball) September 21, 2025
Токму ова видео и овие десетина секунди се одлична претстава за модерниот фудбал. Наназад низ годините глумата била присутна, ама делува дека тоа станува само полошо и полошо. Сè потешко е да се изглуми било што, особено во времето на ВАР технологијата, но и социјалните мрежи каде што јавноста потоа е беспоштедна.