17
Душан Влаховиќ и дефинитивно го пропушта дербито во Серија А кое Јуевентус ќе го игра против Милан, потврди тренерот Мота.
Напаѓачот се повреди во настапот за Србија во Лигата на Нации и нема да биде во нападот на црно-белите за утрешниот натпревар.
Мота доби прашање од новинарите и да ја прокоментира изјавата на Влаховиќ дека како единствен класичен напаѓач во Јувентус премногу се троши играјќи во одбрана и напад, па затоа му е полесно во српската репрезентација.
„Верувам дека моите фудбалери даваат се од себе и во одбрана и во напад“, изјави Мота.