Moнако со победа против Монпелје се израмни на врвот со ПСЖ (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Монако вечерва стигна до петтата победа во француската Лига 1 откако го надигра Монпелје со 2:1.

Монпелје прв стигна до водство по 16 минути игра, но потоа Балогун го врати тимот од Кнеженството во игра со голот во 32. минута.

Во судиското продолжение од натпреварот исклучување заработи Кулибали, а длабоко во продолжението во осмата минута Камара постигна гол за 2:1.

Монако во Лига 1 е на делба на првата позиција со ПСЖ со по 16 бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани