Многумина веќе го гледаат Лаутаро во дресот на Барса, но Занети има поинакво мислење

by
1 минути читање

Потпретседателот
и легенда на Интер, Хавиер Занети верува дека „Нероаѕурите“ во Лаутаро Мартинез
имаат напаѓач на подолг рок, иако неговиот сонародник Аргентинец се поврзува со
трансфер во Барселона.

Напаѓачот на
Интер го привлече вниманието на фудбалската јавност со своите импресивни
изданија во дресот на италијанскиот прволигаш, а се верува дека во Барселона
сметаат дека тој е најидеалната опција за наследник на Луис Суарез во нападот
на таа екипа.

Како и да е,
Занети смета дека Лаутаро би останал подолг период во дресот на Интер, од
самата причина што клубот во него гледа напаѓач за подолг рок.

Тој е паметно
момче, кога прв пат го проследивме на еден натпревар ние веднаш ја сфативме
ситуацијата, тоа ме прави среќен, горд сум на тоа што тој ги претставува боите
на Интер, сметам дека имаме напаѓач за подолг рок
“ вели Занети кој тврди дека
во клубот последно нешто за што се размислува е трансфери на фудбалери во
кризата со коронавирусот.

Последното нешто
за што ние размислуваме е трансфери на фудбалери. Денеска ние размислуваме само
за здравјето, што во моментов е најважното нешто
“ додава легендарниот
Аргентинец.

Кога ќе се
вратиме на тренинзите, за што сметаме дека е остварливо, ќе видиме што ќе се
случи во иднина, ние сме фокусирани на тоа како да излеземе од сево ова, многу
семејства настрадаа, ситуацијата е комплетирана
“ заврши Занети со својот
коментар за актуелната ситуација со коронавирусот.

Што се однесува пак до 22 годишниот Лаутаро, тој од 2018. година е во Интер, каде на 49 натпревари досега запиша 17 погодоци зад своето име, има важечки договор со „Нероаѕурите“ до 2023. година, а претстојново лето одреден период ќе има откупна клаузула од 111 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×