Многумина се чудат како Бариос не доби црвен за овој потег (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Англија се намачи
за да триумфира во осминафиналната пресметка против Колумбија на Светското
првенство, прва поведе со голот на Кејн од пенал, а во самата завршница Мина
израмни и мечот доби продолженија, а потоа и пенали во кои поуспешни беа
Англичаните.

Сепак, имаше еден
спорен детал од средбата каде во фокусот на вниманието се најдоа Бариос и
Хендерсон. Колумбиецот имаше реакција ала Зидан, па со глава го удри
Англичанецот во градите, а за тој потег доби само опомена во жолт картон.

Англија во
четвртфиналето ќе ги одмери силите со Шведска, а оваа пресметка се игра во
сабота.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани