Многумина го критикуваа: Кошулата на Гвардиола стана хит, но таа не е воопшто евтина

by Стефан
1 минути читање

Пеп Гвардиола вчера доживеа неуспех против Реал Мадрид. Неговиот Манчестер Сити ги загуби двете средби од осминафиналето во Лигата на шампионите, прво 3-0 во Мадрид, а потоа и 1-2 на реваншот во Англија.

По двојниот пораз, покрај резултатите, во фокусот на јавноста се најде неговата кошула. Уште за време на натпреварот, тренерот на Сити привлече внимание со својот стајлинг.

Против Реал, Гвардиола се појави во обични панталони и широка карирана кошула, што предизвика бурни реакции. Многумина му замерија дека не се облекол соодветно за една таква голема сцена.

Кошулата брзо стана вирална и инспирација за бројни мемиња и шеги на социјалните мрежи. Шпанска „Марка“ ја опиша како „две броја поголема кошула од филмот ‘Brokeback Mountain’“. Освен на лик од каубојскиот филм, некои коментатори велат дека Гвардиола потсетувал и на припадник на емо движењето.

„Со оваа кошула, особено по поразот, Пеп може слободно да премине во ‘Bring Me the Horizon’“, напиша еден корисник на X.

Иако мислењата за изгледот се поделени, едно е сигурно, кошулата воопшто не е евтина. Шпанските медиуми открија дека моделот од брендот „Our Legacy“, од колекцијата есен-зима 2024, се продава за околу 290 евра.

Според описот, станува збор за лежерен стил со француска јака, широки рамена, копчиња по должина, заоблен раб и кариран дезен, изработен од памук.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×