Многу тензија, малку возбудувања на теренот: Албанија и Србија ремизираа во Тирана (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Долго очекуваниот дуел меѓу Албанија и Србија кој донесе многу тензии поради политичката ситуација од фудбалски аспект не понуди речиси ништо.

Се започна уште со пристигнувањето на српската репрезентација, кога низ улиците на главниот град на Албанија се чувствуваше тензичната атмосфера, а безбедносните сили беа распоредени на секој чекор.

На фудбалски план, единствената вистинска шанса ја имаше Албанија во завршницата од првиот дел, но Манај не успеа да реализира пенал. Во вториот дел видовме уште помалку прилики и на двете страни.

Ова беше прв квалификациски меч за Србија, која поради учеството во Лигата на нации подоцна влезе во овој циклус, додека Албанија со овој реми го освои четвртиот бод од три кола, по претходниот пораз од Англија и победата над Андора.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×