„Многу сум му лут на Коста, требаше да ми донесе чоколадна торта” – Конте добро ги насмеа новинарите

by
1 минути читање

Напаѓачот беше поштеден за вчерашниот деул со Ватфорд и средбата ја
проследи од клупата за резерви.

Новинарите го уловија Диего Коста како на полувреме ја посети собата за
пресконференции и се послужи со храната.

Антонио Конте по доаѓањето во Челси наметна строга диета за играчите, па по
крајот на натпреварот новинарите го запрашаа Италијанецот дали ќе му замери на
голгетерот.

„Каков вид на
храна? Тоа е многу важно
– рече менаџерот на Челси.

Кога новинарите
му посочија дека се работело за чоколадна торта, стратегот со голема насмевка
на лицето одговори: „Тогаш сум му многу лут
.

„Требал да помисли
и на мене, требал да ми донесе торта или чоколада. Натпреварот беше
исцрпувачки и за мене

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани