Многу му збореше устата пред неколку години, Ајакс со урнебесна казна за најновото засилување (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Фудбалските
патишта се чудни, секој треба да внимава што кажува зошто не знае што носи
иднината. Последниот пример е тинејџерот на Емен, Кјел Шерпен. 19 годишниот
голман потпиша за Ајакс и се обврза во следните четири години.

Но фановите не
заборавија што тој зборуваше пред неколку години, кога го критикуваше Ајакс и
се фалеше дека е голем фан на лутиот ривал Феенорд.

Па гигантот од
Амстердам реши да го казни на урнебесен начин. Тој требаше 100 пати да
напише „Ајакс е најдобриот клуб во Холандија“ под будното око на директорите Едвин
ван дер Сар и Марк Овермарс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×