Многу емоции: Конате се расплака по голот за Ливерпул (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Ибрахима Конате го одбележа враќањето на терените со гол, одигрувајќи го својот прв натпревар по смртта на неговиотт татко, а по погодокот не успеа да ги сокрие емоциите и се расплака пред камерите.

Францускиот дефанзивец пропушти три натпревари поради семејната трагедија, а во синоќешниот убедлив триумф над Њукасл од 4-1 се запиша во листата на стрелци во самиот финиш од средбата. По голот следуваа силни емотивни моменти, соиграчите веднаш му притрчаа во прегратка, а особено впечатлива беше реакцијата на голманот Алисон Бекер, кој истрча од другиот крај на теренот за да му даде поддршка, со оглед на тоа што и самиот го загуби таткото во 2021 година.

Конате со солзи во очите ја прифати поддршката, додека капитенот Вирџил Ван Дајк уште еднаш го прегрна пред играчите да продолжат со натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×