Младите македонски фудбалери ѝ гостуваат на Италија во Емполи!

by riste
1 минути читање

Како увертира за мечот меѓу Данска и Македонија, нашите фудбалски фанови ќе имаат можност да го проследат натпреварот на нашата селекција до 21 година која со почеток од 18:15 часот ѝ гостува на Италија во Емполи.

Тоа е натпревар од седмото коло во квалификациите за пласман на Европското младинско првенство. Ние одамна ги загубивме шансите, а Италија води битка за првото место и директен пласман на континенталниот собир.

Првиот меч со Италија го загубивме со 0-1, тој дуел се играше во Битола, а денешниот ќе се одигра во Емполи.

Италијанците се апсолутен фаворит во овој натпревар, момците на Станиќ ќе се обидат да направат сензација и да им ги расипат сметките.

По шест одиграни кола Македонија собра само три бода, имаме една победа и дури пет порази. Кај Италија ситуацијата е спротивна, тие имаат еден пораз и пет победи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×