Младиот Тодоровски не ги крие импресиите од настапот против Ренова: Прекрасно е чувството да се игра за Вардар!

by
2 минути читање

Македонскиот
првак потешко од очекувањата славеше на домашен терен против Ренова
(3-1), а на мечот кој се одигра во Маџари,
прилика за настап доби 18 годишниот десен бек, Тодор Тодоровски, кој влезе на
местото на Ерменецот Хамбарѕумјан кој се пожали на повреда.

Тодоровски
во изјава за официјалниот клупски сајт не ги крие импресиите за укажаната
прилика од страна на стратегот од клупата на црвено-црните, Чедомир Јаневски.

Благодарност
до стручниот штаб за укажаната доверба. Јас на теренот дадов се од себе да се
претставам во најдобро светло. На крајот сум среќен што тимот успеа да дојде до
трите бода, што е најважно на секој натпревар. Се надевам дека во иднина ќе
добивам уште шанси за настап. Прекрасно е чувството кога се игра за првиот
тим на Вардар и кога се победува
“ рече Тодоровски.

Младиот вардарец притоа се заблагодари и на позитивните
коментари на Чеде Јаневски.

Убаво
е да се слушнат убави зборови од својот тренер, и тие зборови многу ми значат.
Благодарност за кажаното од нашиот шеф на стручниот штаб, а таа изјава ми дава
дополнителен мотив да се докажувам уште повеќе, и да ја оправдувам довербата
понатаму. За мене како млад играч е да се докажувам и да покажам дека
заслужувам да бидам дел од Вардар
“ додаде младиот фудбалер.

 

Извор/Фото: fkvardar.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани