713
Матис Тел не се наметна и нема претерана минутажа во редовите на Баерн Минхен.
19-годишниот напаѓач сезонава настапи 13 пати, меѓутоа главно како резерва и е без учинок. Тој секако не може да се наметне покрај Хари Кејн, но релативно брзо ги загуби нервите и не сака да чека.
Интерес за младиот Тел постои од доста европски клубови. Поради тоа тој сака да замине и да си ја проба среќата во друга средина.
Матис Тел е член на Баерн Минхен од 2022 година, кога за 20 милиони евра пристигна во клубот од Рен.