Младински репрезентативец на Македонија кој досега играше само во Шведска потпиша за Струга

by Стефан
1 минути читање

Струга денеска преку социјалните мрежи официјално го промовираше Адриан Зенделовски како ново засилување, а за младиот македонски репрезентативец ова ќе биде прво искуство во ПМФЛ.

Зенделовски ги направи своите први фудбалски чекори во Шведска, каде што беше дел од младинската школи на Малме, по што настапуваше и за тимовите на Сковде и Олимпик. Токму од таму пристигнува во редовите на Струга каде што ќе добие шанса да се докаже на домашната сцена.

Се работи за фудбалер кој настапува на позицијата дефанзивен играч за врска, а во изминатиот период беше стандарден член на македонската репрезентација до 21 година, со која настапи во квалификациите за Европското првенство.

Претходно, Зенделовски беше дел и од националните селекции до 17, 18 и 19 години, што дополнително говори за неговиот континуиран развој и репрезентативно искуство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×