Младинците на Шкендија со минимален пораз кај Нитра во Лигата на шампионите, шанса за прогрес на реваншот во Скопје

by
1 минути читање

Екипата на Шкендија за фудбалери до 19 години загуби
минимално на гостувањето кај Нитра во Словачка со 1-0, во првата пресметка
помеѓу овие два тима во квалификациите за Лигата на шампиони во младинска
конкуренција.

Домаќините поведоа со гол во 49. минута, дело на Коса, а
во самата завршница останаа и со играч помалку откако исклучен беше Врабел по
двата жолти картони во серија во една минута.

Реваншот е предвиден да се одигра идниот месец во Скопје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани