Официјално: Марио Младеновски и Ване Јованов се нови фудбалери на Вараждин!

by riste
1 минути читање

Хрватскиот клуб Вараждин стана дом на уште двајца македонски фудбалери. Нови членови на прволигашот од Хрватска се Марио Младеновски и Ване Јованов.

Македонскиот дефанзивец, Марио Младеновски почнува нов предизвик, се пресели во хрватскиот клуб. Тој веќе некое време тренира со Вараждин, а клубот сега го објави неговиот ангажман. Младеновски во Вараждин се сели како слободен играч откако заврши негвиот договор со Шкупи каде беше во изминатите две сезони.

„По завршувањето на целокупната административна процедура, Марио Младеновски и официјално е нов играч на Вараждин. Навивачите веќе имаа прилика да го запознаат од неколкуте пријателски натпревари. 23-годишниот фудбалер доаѓа од македонскиот Шкупи. Претходно играше и за Ботев Пловдив, Македонија Ѓорче Петров, Фремад Амагер и Вардар. Марио потпиша договор со Вараждин до 2026 година“, стои во соопштението на хрватскиот клуб.

Покрај Младеновски, во редовите на Вараждин е промовиран и Ване Јованов кој доаѓа од редовите на Брегалница. Младиот десен бек потпиша договор до 2026 година со хрватскиот прволигаш.

По завршувањето на целокомната административна процедура, Ване Јованов и официјално е нов играч на Вараждин. Навивачите веќе имаа прилика да го запознаат од неколкуте пријателски натпрпевари. 25-годишниот дефанзивен играч во нашиот град доаѓа од Брегалница Штип. Претходно играше за Победа, Саса, Вардар и АП Брера. Ване потпиша договор со Вараждин до 2026“, стои во соопштението.

Двајцата Македонци ќе му бидат соиграчи на Димитар Митровски, крилниот фудбалер кој настапува во Вараждин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани