Младата ѕвезда на Реал открива: Меси сакаше да ме убие… три пати му се извинував!

by bojan
1 минути читање

Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно вели дека му се исполнил детскиот сон да заигра покрај Лео Меси, и открива дека морал три пати да се извинува откако при една акција шутирал, наместо да го проигра поискусниот колега од нападот.

Лео Меси утрово веројатно го одигра последниот натпревар во дресот на „гаучосите“ пред домашната публика, па пресметката против Венецуела беше прилично емотивна за поранешниот фудбалер на Барселона.

За разлика од него, младата ѕвезда на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно за прв пат се најде во составот на Аргентина.

Двајцата добро комбинираа на теренот, но имаше и една ситуација кога Мастантуоно тргна да се прослави и шутираше во ситуација кога можеше да проигра Лео Меси, кој беше во подобра позиција.

„Сакаше да ме убие, но ме разбра. Се извинив, и тоа се извинив три пати“ – вели 18 годишното момче.

Тој потоа додаде: „Неверојатно е тоа што играв покрај него, ми се оствари детскиот сон. Па уште и на теренот на Ривер, навистина неверојатно. Меси е мојот идол, му ја следам целата кариера“.

ФОТО: X/Selección Argentina

Можно е и ова да ти се допаѓа

×