Mладата ѕвезда на Реал може да добие и петгодишна затворска казна!

by Стефан
1 минути читање

Младиот 22 годишен фудбалер на Реал Мадрид, Раул Асенсио кој е обвинет за дистрибуција на детска порнографија може да се соочи со сериозна затворска казна.

Асенсио заедно со уште тројца поранешни соиграчи од младинскиот состав на Реал Мадрид: Феран Руиз, Андрес Гарсија и Хуан Родригез според законите на судот во Шпанија може да добијат казна затвор и до пет години.

Веќе подолго време во Шпанија се води истрага за случајот со секс снимката во која тројцата имаат секс со девојки од 18 и 16 години.

Судијата во својот исказ истакнал дека постојат доволно докази кои покажуваат дека имало кршење на приватноста, дистрибуција на снимка на трети лица без знаење и согласност на жртвата, учество во детска порнографија…

Станува збор за снимка која била направена во 2023 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×