495
Откако стана јасно дека Нејмар нема да ја залечи повредата навреме и го откажа својот настап за Бразил, селекторот Доривал Жуниор мораше да бара замена.
На местото на Нејмар доаѓа младата ѕвезда на Реал Мадрид, Ендрик. Овој напаѓач не се најде на списокот поради слабата минутажа на „Сантијаго Бернабеу“, ама сега влезе во ротацијата.
Освен Нејмар својот настап за репрезентацијата го откажаа Едерсон и Данило. На нивно место доаѓаат Лукас Пери од Лион и Алекс Сандро од Фламенго.