Младата ѕвезда на Ливерпул доби нов договор и покачување на платата од дури 360%

by bojan
1 минути читање
Рио Нгумоха блесна против Њукасл со гол во 100. минута за победа на Ливерпул од 3-4

„Црвените“ ја продолжија соработката со тинејџерот Рио Нгумоха, младиот напаѓач стави потпис на нов тригодишен договор.

Рио Нгумоха се прослави кога на натпреварот помеѓу Њукасл и Ливерпул дададе гол во 100. минута за драматична победа на „црвените“ од 3-4 на „Сент Џејмс Парк“.

Ливерпул знае дека има бисер во своите редови, па само што момчето наполни 17 години, го обврза на нов договор.

Детали официјално не се соопштуваат, но медиумите шпекулираат дека станува збор за максимален договор во таборот на Ливерпул за фудбалери од ова годиште.

Па тој во иднина ќе има годишната плата може од околу 52.000 фунти што ќе преставува покачување на платата од дури 360%.

ФОТО: fb/Liverpool FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×