Екипата на Барселона славеше на гостувањето кај Атлетико Мадрид со 0-1 и со вкупни 5-4 се пласира во финалето на Купот.
По оваа победа амбициозна изјава имаше младата ѕвезда Педри. Тој беше прашан за можноста тимот да ја освои триплетата, а неговиот одговор беше скромен. Исто така Шпанецот доби и прашање за Златната топка…
„Триплета? Зошто да не! Ќе се обидеме, ќе се бориме со сите свои сили за да извлечеме радост за навивачите. Златна топка? Тоа е само сон, мојот приоритет се тимските трофеи. Морам да признаам дека никогаш досега не сум уживал во фудбалот како сега. Мислам дека сум во најдобра форма во кариерата“, прокоментира Педри.
Барселона во финалето на Копа дел Реј ќе се судри со Реал Мадрид, тим кој му е директен конкурент и за трофејот во Ла Лига, а каталонската екипа е и четвртфиналист во Лигата на шампионите.