Младата ѕвезда на Барса е скромна: Живее со сестра му, самиот си готви и мие садови

by bojan
1 минути читање

Дефанзивецот на Барселона, Пау Кубарси останал скромен и покрај тоа што доби милионски договор, тој живее со сестра му, самиот си готви и мие садови.

„Каталонците“ влегоа во големи финансиски проблеми поради пандемијата на ковид 19, клубот не можеше да инвестира во ангажман на звучни имиња, па шанса добија голем број на момчиња од школата.

Еден од оние кои блесна е Пау Кубарси, кој сериозно се наметна во одбраната, а одличните партии му донесоа и настап во сениорската репрезентација на Шпанија.

Кога во јануари наполни 18 години, тој доби милионски договор од Барселона (годишната плата му е помеѓу 4 и 5 милиони евра бруто) и откупна клаузула од 500 милиони евра.

Но и покрај ова, Пау Кубарси останал скромен, живее со сестра му, самиот си готви и мие садови.

„Со години не живеам дома, претходно живеев во „Ла Масиа“, сега живеам со сестра ми Ирена во апартман во Барселона. Знам да зготвам неколку јадења, а кога треба да се мијат садови – ги мијам. Си ги завршувам обврските“ – вели Пау Кубарси.

Тој често на тренинг доаѓа со книги, има запишано курс по бизнис администрација и менаџмент.

„Фудбалот не остава многу слободно време, но сакам да се подготвам за животот после фудбал и затоа посетувам курс по бизнис администрација и менаџмент. Имам предавања три пати во неделата, и ова е малку порелаксирано од факултет, кој бара многу повеќе време. Вака имам простор и за опоравување, но и за учење“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×