Младата ѕвезда на Англија: Не знам дали татко ми ќе ме гледа против Словачка, Бог му е на прво место

by bojan
2 минути читање
Геи

Дефанзивецот на „Трите лава“, Марк Геи вели дека неговиот татко, кој е свештено лице, веројатно нема да го гледа неговиот настап против Словачка во осминафиналето на Европското првенство.

Марк Геи имаше одлична сезона во дресот на Кристал Палас, импресионира со своите настапи и на континенталниот собир во Германија, па сите големи клубови од Премиерлигата го имаат во своите бележници.

И додека очите на скаутите повторно ќе бидат вперени во дефанзивецот против Словачка, Марк Геи открива дека неговиот татко веројатно нема да го гледа натпреварот во недела.

„Не знам дали ќе ме гледа. Вообичаено недела е ден за црква, и Бог е на прво место“ – вели Марк Геи.

„Па очекувам тој да биде во црква. Но можеби ќе се појави, не знам. Ќе му пишам и ќе го прашам какви му се плановите“.

Таткото на Марк Геи е свештено лице, и фудбалерот во минатото има споделено дека како дете многу често не можел да игра фудбал во недела бидејќи во нивниот дом Бог бил на прво место.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани