Млада ѕвезда од Ла Лига: Не можам да носам маичка од 600 евра кога мајка ми заработува 700 евра месечно

by bojan
2 минути читање
Камељо

Фудбалерот на Рајо Ваљекано, Серхио Камељо вели дека потекнува од скромно семејство и не дозволува да биде расипан од огромните пари кои во денешно време се вртат во светот на фудбалот.

Во светот на фудбалот со години се вртат огромни пари, па голем дел од фудбаллерите живеат во сопствен свет на луксузот и се далеку од реалниот живот на обичниот човек.

Но ова не е случај со Серхио Камељо од Рајо Ваљакано, кој ова лето се прослави и со два гола во судиското надоплнување и донесе злато на Шпанија на Олимписките игри во Париз.

23 годишното момче вели дека потекнува од скромно семејство, животот го научил да ги цени парите, па не дозволува да биде расипан од милионските суми кои се честа појава во фудбалот во денешно време.

„Секако дека си дозволувам одредени работи, но не се расфрлам со пари. На пример, нема да ме видите како носам дизајнерска облека, или да купам маичка од 600 евра кога мојата мајка заработува 700 евра месечно. Наместо да купам маичка од 600 евра, тие пари и ги давам на мајка ми“ – вели Серхио Камељо.

Во интервјуто тој открива дека неговата мајка почнала да работи со 16 години, и се уште работи сега на 54 години.

Серхио Камељо потоа даде уште еден пример за скромност: „Немам ниту луксузен часовник. Не можам да имам скап часовник а да гледам дека брат ми нема ништо“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани