Екипата на ГФК Охрид објави тажна вест и се збогуваше со својот млад фудбалер, Анастас Каровски кој според неофицијални информации го загубил животот во сообраќајна несреќа со мопед.
Несреќата која МВР ја потврди, но не потврди дека станува збор за 16-годишниот Карровски се случила на патот помеѓу селото Рача и хотелот Парк, а на мопедот имало и уште едно лице кое по ударот во столбот се здобило со тешки телесни повреди.
„На 17.07.2025 во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот „Парк“, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб. Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите. Сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид“, соопшти МВР.
На социјалните мрежи Охрид се збогуваше оставајќи кратка порака.