492
Митревски од
редовите на хрватскиот прволигаш Истра погоди за својот тим во денешниот
натпревар на домашен терен против Цибалија во рамките на 33. коло од хрватската
прва лига.
Сепак неговиот
гол во 31. минута не беше доволен ниту за бод за Истра која претрпе пораз од
1-2 на крајот.
Ова беше прв гол
за Митровски во дресот на Истра по 25 одиграни натпревари во првата сезона во
овој клуб.
Во редовите на
домаќините се најде и дефанзивецот Томе Китановски кој не доби прилика за
настап на овој меч и остана на клупата за резервни фудбалери.
Фото: НК Истра