Навивачите на Барселона се бесни откако беа објавени снимките од ВАР собата на синоќешното „Ел Класико“ против Реал Мадрид, при поништениот гол на Фермин Лопез во 96. минута се слуша „фала му на Бога“.
Барселона синоќа по петти пат оваа сезона славеше против Реал Мадрид, со 4-3 ја доби пресметката на „Монжуик“ во рамките на 35. коло во Ла Лига, и направи огромен чекор кон освојување на титулата.
На натпреварот имаше неколку спорни моменти, еден од нив е голот на Фермин Лопез во 95. минута, фудбалерот од средниот ред по една соло акција реализираше за 5-3.
Но славјето на домаќините беше прекинато по реакција на ВАР собата, Мартинез Мунуера го повика Ернандез Ернандез да ја прегледа снимката поради играње со рака на Фермин Лопез.
🗣️ AUDIO REVISIÓN VAR
— RFEF (@rfef) May 11, 2025
🗓️ Jornada 35 | Primera División
⚽️ @FCBarcelona_es 🆚 @realmadrid | 96'#ArbitrajeRFEF | @CTARFEF pic.twitter.com/5SQztI5Apn
По крајот на натпреварот, Фудбалската федерација ја објави аудио снимката и разговорот помеѓу судиите, а навивачите на Барселона се бесни поради тоа што се појави едно мистеризно „фала му на Бога“.
Мартинез Мунуера: „Слушај Алекс, приметивме играње со рака, те молам да погледнеш“.
Непознат глас: „Фала му на Бога. Да, да, апсолутно“.
Ернандез Ернандез: „Океј, перфектно. Пушти, да топката го удира во рака. Дај ми поширок агол за да ја видам целата акција, од почеток до крај. Океј, перфектно, јасно е дека игра со рака. Ќе го поништам голот“.
Делот „Фала му на Бога“ може да се толкува на илјади начини и не се најде во официјалниот транскрипт и превод на ФФШ.