Пол Погба се
повреди против Арсенал на крајот од септември и првичните прогнози велеа дека
тој ќе паузира неколку недели. Се очекуваше да игра против Ливерпул, но го
пропушти големото дерби на Олд Трафорд со најава дека ќе се врати до крајот на
месецот.
Сепак, Оле Гунар
Солшер по синоќешниот триумф над Норич откри дека Французинот не е блиску до
враќање на терените и многу веројатно ќе паузира уште 30 дена
„Мислам дека ќе го видиме Погба на терените дури во декември. Ќе биде во „аут“
подолго време. Потребно му е време за целосно да се опорави. Мали се шансите да
игра против Шефилд јунајтед по паузата за репрезентативни настапи, веројатно ќе
се врати во декември. Не сум доктор, но има повреда која треба да заздрави“ –
вели Норвежанецот.
Точната дијагноза
е мистерија, Оле Гунар Солшер само кратко порача дека се работи за повреда на
скочниот зглоб.