Мистериозна објава на Фиорентина, дали тоа е знак дека Ибрахимовиќ оди во Фиренца? (ФОТО)

by
0 минути читање

Ибрахимовиќ е слободен играч откако заврши со обврските кон Лос Анџелес Галакси, тој се поврзува со враќање во Серија А.

Синоќа на социјалните мрежи Ибра напиша: „Дојдов, видов, освоив. ЛА Галакси ти благодарам што направи повторно да се почувствувам жив. До фановите на Галакси – го сакавте Златан, ви го дадов Златан. Нема на што. Приказната продолжува… Сега повторно одете гледајте бејзбол“.

Денеска Фиорентина преку својот официјален профил објави бејзбол топка, а според некои тоа може да се протолкува и како доаѓање на Ибрахимовиќ во клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×