169
АС денеска имаше интересна сторија и објави дека никој не знае каде е Фабио Коентрао, кој има уште 12 месеци од договорот со Реал Мадрид според кој заработува 4 милиони евра по сезона.
Левиот бек, за кого „Кралевите“ платија 30 милиони евра, сепак веднаш одговори на провокацијата. Откако два месеци му немаше трага и глас на социјалните мрежи, Фабио Коентрао вечерва се огласи за да покаже дека тренира во опрема на Реал Мадрид под будното око на фитнес тренерот на шампионот на Европа.
Training session ✅
Real Madrid ✅
Press ❌ pic.twitter.com/jrT6CAm0PY— Fabio Coentrao (@Fabio_Coentrao) August 22, 2018