Октомври, 2004. година, Манчестер јунајтед на домашен
терен пред своја публика го совлада Арсенал со 2-0 и на тој начин ја прекина
низата од 49 натпревари без пораз на тимот на Арсен Венгер.
Многу мистерија навлече тоа што се случуваше во тунелот
по мечот на „Олд Трафорд“, а сево ова дојде откако некој фудбалер на
гостинскиот табор фрлил пица кон стратегот од клупата на тимот од Манчестер,
Алекс Фергусон, и го погодил.
Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед за да излезе на пресконференцијата пред медиумите по мечот, мораше да го промени костумот со обична маичка, но не даде коментар на оваа тема, а јавноста на големо шпекулираше околу тоа кој бил фудбалерот на гостинската екипа. Она што е исто така интересно од тој настан, е фактот што Арсен Венгер пред јавноста се правдаше дека ништо не се случило во тунелот.
Мистеријата после цели 13 години е решена во една емисија
на „Скај1“ во која гостуваше токму поранешниот фудбалер на Арсенал, Цеск
Фабрегас, кој призна дека тој бил „креаторот на тоа дело“.
Фабрегас грабнал пица од гостинската соблекувална, а Шпанецот потоа го погодил популарниот Ферги со вкусното калорично парче во тунелот од фудбалската арена.