Мирабељи ги открива методите по кои работи Милан на трансфер пазарот

by
1 минути читање

Спортскиот директор Масимилијано Мирабељи заедно со извршниот директор Фасоне вршат фантастична работа за Милан во летниот преоден рок.

„Ќе ви ја кажам вистината. Кога Фасоне ме побара да му се приклучам, му реков „да“ нему, а не на проектот“ – вели Мирабељи.

„Бевме инволвирани заедно уште пред новите сопственици да го преземат клубот од Берлускони. Јас и Фасоне сме како пар“.

„Мора да бидеме транспарентни со фановите на социјалните мрежи. Мора јасно да ги објаснуваме нашите постапки“.

„Се што правиме мора да биде отворено, почнувајќи од трнасфер пазарот па се до нашите канцеларии во Каса Милан“.

„Директорите и агентите не ги ни знаат нашите домашни адреси. Фактот е дека ние не се криеме по хотели или ресторани кога дискутираме за некој фудбалер“.

„Немаме никакви тајни. Работите можат да тргнат и на лошо, но научив дека и од поразот можете да извлечете победа доколку го држите грбот исправен“.

„Преферираме да ги гледаме фудбалерите со сопствени очи. Ќе го следиме фудбалерот неколку пати пред да одлучиме дали е вистинскиот за нас“.

„Дури потоа ќе прашам кој е негов агент. Не прифаќаме агентите да бидат тие кои ќе ни го понудат нивниот клиент“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани