265
Во италијанските медиуми се уште се пишува за мечот меѓу Јувентус и Милан, особено за Роналдо кој предвреме беше изваден од игра.
Во дел од интервју за „Калчомеркато“, поранешниот спортски директор на Милан ја фали одлуката на Сари да го извади Роналдо и ја оценува како храбра бидејќи Португалецот е играч кој заработува повеќе отколку цел Милан.
„Одлуката на Маурицио Сари да го извади Кристијано Роналдо беше херојска, тој одлучи да смени фудбалер кој заработува повеќе од целиот тим на Милан“, вели Мирабели.