Миовски викендов во Ренџерс имал гости од Македонија (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Ренџерс во викендот кој е зад нас го совлада Данди Јунајтед со 4-2, а последниот гол за шкотскиот гигант го постигна македонскиот напаѓач, Бојан Миовски.

Миовски во овој натпревар имал дополнителна мотивација со присуството на навивачи од Македонија на трибините, кои допатувале да му дадат поддршка. Напаѓачот им возврати на симпатичен начин, подарувајќи им свој дрес по натпреварот.

Овој момент не остана незабележан ниту од клубот, па Ренџерс го сподели присуството на македонските фанови и на своите социјални мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×