Македонската фудбалска репрезентација во петок со почеток од 20:45 часот гостува на Белгија во важен квалификациски натпревар за пласман на Светското првенство.
Македонија се бори да го задржи првото место на кое сме во овој момент, а за да го оствариме тоа ќе ни биде потребен позитивен резултат против силната Белгија.
„Знаеме против каква репрезентација играме. Веќе сме во последната фаза на квалификациите, а досега покажавме дека знаеме да играме фудбал и затоа се наоѓаме во ваква ситуација. Први сме моментално во групата, имаме гол разлика единаесет два. Ако некој не запрашал претходно дали сакаме да се најдеме во ваква ситуација пред квалификациите, нормално дека ќе бевме задоволни, но работата се уште не е завршена. Знаеме дека не само овој, туку и последните два натпревари против Казахстан и против Велс се едни од најбитните во поновата репрезентативна историја“, вели Миовски.
„Првиот натпревар е против Белгија, а знаеме против каков противник играме. Свесни сме за нивните силни, но и слаби страни. Имаме доста поддршка од навивачите, знаеме дека ќе бидат во голем број, така што мислам дека ќе гледаат одличен фудбал. Белгија е одлична репрезентација, каде што деветдесет отсто од играчите играат во топ петте лиги. Но ние играме како тим, го докажавме тоа“.