Миовски оди во Џенова на местото од Ретеги!?

by riste
1 минути читање
Бојан Миовски

Аталанта се обидува да го ангажира Матео Ретеги од Џенова, а тоа ги зголеми шпекулациите за трансфер на Бојан Миовски во италијанскиот клуб.

Аталанта е во потрага по напаѓач откако Скамака ги скина лигаментите, како опции со кои се поврзуваат се Абрахам и Ретеги.

Се чини дека Абрахам е поблиску до Милан, па Ретеги ќе стане главна опција за Аталанта.

Џенова подолго време се поврзува со Миовски, а продажбата на Ретеги во Аталанта би требало да биде пресуден момент за ангажман на македонскиот напаѓач.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани