Mиовски нема среќа: Кога му тргна – се повреди!

by Стефан
1 минути читање

Менаџерот на Ренџерс, Дени Рел, по натпрееварот во Будимпешта против Ференцварош откри дека клубот сериозно ќе ја анализира состојбата на Бојан Миовски, откако македонскиот репрезентативец беше повлечен од игра по еден тежок дуел во второто полувреме.

Миовски, кој со атрактивен погодок му донесе рано водство на шкотскиот гигант по повредата беше заменет, а Рел по мечот призна дека повредата изгледа загрижувачки и дека медицинскиот тим во следните денови ќе направи детална проценка на неговата состојба.

„Бојан доби удар, но можно е да има и посериозна повреда. Искрено се надевам дека не е така, но мора внимателно да ја провериме состојбата. Пред нас е напорен период и ни се потребни сите играчи подготвени“, изјави Рел.

Македонскиот напаѓач беше меѓу најдобрите поединци на теренот и продолжи со одличната форма што ја демонстрираше и против Килмарнок, каде што постигна два гола. Затоа потенцијалното подолго отсуство би било проблем за Ренџерс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×