Миовски на чекор до трансфер во Ренџерс, може да дебитира на дербито со Селтик

by bojan
0 минути читање

Бојан Миовски наскоро ќе стане нов фудбалер на Ренџерс, Македонецот би можел да дебитира веќе во недела и тоа на големото дерби против Селтик.

Бојан Миовски се враќа во Шкотска, напаѓачот е на чекор до трансфер во редовите на Ренџерс.

Се очекува утре да пристигне официјална потврда за зделката вредна 2,6 милиони фунти, плус додатни 1,6 милиони фунти во бонуси.

Доколку се оди според планот, Бојан Миовски може да биде регистриран на време за дербито против Селтик и да дебитира веќе во недела на „Олд Фирм“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×