Миовски: Можеби изгледа рутински, но беше тешко да се игра

by riste
1 минути читање

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски е задоволен од победата над Лихтенштајн, но не и од условите за игра кои ги овозможил домаќинот.

Миовски кој беше стрелец на третиот гол за Македонија во победата од 3-0, се пожали дека теренот бил многу сув и тежок за игра.

„Многу сум разочаран од Лихтенштајн затоа што теренот не беше наводнуван и игравме на сув терен, а тоа ни создаваше многу проблеми во првото полувреме. Исто тие така тие излегоа на терен и не сакаа да играат фудбал што е многу жално, но ние дојдовме со една цел, а тоа е да освоиме три бода. Можеби победата изгледа рутинска, меѓутоа беше тешко да се игра, добро е што рано постигнавме гол, исто така и вториот гол дојде во вистински момент. Овие три бода се одлични за старт на квалификациите. Благодорност и до публиката што дојде во голем број. Се чувствуваме како да играме дома, се надевам ќе дојдат и во Скопје да не поддржат биддејќи ќе ни бидат потребни во комплетните 90 минути“, кажа Миовски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани